fbpx

Skopje Photo Week 2020

Skopje Photo Week беше доста забавен предизвик за нас, бидејќи бараше брза стратегија, која ќе можеше да се имплементира за многу кратко време. На еден месец пред настанот, се вклучивме целосно со стратегија, дизајн и видео продукција, како и платени реклами на социјални мрежи, со цел да ја информираме македонската фото публика за овој традиционален, но ребрендиран настан.

Предизвикот беше двоен: кратко време за работа, заедно со целосното ребрендирање на настанот кој е добро познат на домашната публика. Во стратегијата, клучно беше да се етаблира новиот бренд, но и да се активира домашната публика преку наградниот конкурс за избор на најдобра фотографија.

Крајната цел сметаме дека беше остварена, ако судиме по евалуацијата на комуникациите: повеќе од 200.000 достигнати корисници на Фејсбук и Инстаграм, над 1000 испратени фотографии на конкурсот и 130 активни учесници на настанот, кои го следеа во живо.

Во галеријата можете да погледнете некои од дизајните кои ги користевме:

Некои од видеата:

Ви се допаѓа што читате?
Имате потреба од слични услуги?

Слободно закажете бесплатна консултација преку нашите социјални мрежи или на clients@blink.mk.

Останати проекти:

Новинарски портал Рацин.мк

Целосен веб-дизајн и подесување на серверска инфраструктура на новинскиот портал Рацин.мк, кој за шест месеци веќе успеа да достигне до над 100к посети месечно и е индексиран од Тајм.мк.

Повеќе >>

Редизајн на 24инфо.мк

Целосен редизајн, миграција и убрзување на веб-страницата на новинарскиот портал 24инфо.мк, која има над 250к посети месечно.

Повеќе >>