fbpx

Новинарски портал Рацин.мк

Целосен веб-дизајн и подесување на серверска инфраструктура на новинскиот портал Рацин.мк, кој за шест месеци веќе успеа да достигне до над 100к посети месечно и е индексиран од Тајм.мк.

Редизајн на 24инфо.мк

Целосен редизајн, миграција и убрзување на веб-страницата на новинарскиот портал 24инфо.мк, која има над 250к посети месечно.

Редизајн на Бриф.мк

Редизајн, убрзување и оптимизирање на новинскиот портал Бриф.мк, кој има повеќе од 200к посети месечно.

Новинарски портал Градска.мк

Целосно нов новинарски портал, насочен на теми за Скопје, каде покрај дизајнот работевме и на поставување на серверска инфраструктура.

Информативен портал Трн.мк

Веб-дизајн и поставување на серверска инфраструктура на информативниот и забавен портал за култура Трн.мк.

Веб-платформа за Општина Арачиново

За потребите на Општина Арачиново, финансирано преку програмата за развој на општини на УНДП, изработивме целосно нова веб-страницата, со повеќе функционалности за зголемената транспарентност на општината. Со новата веб-страницата на општината и се олеснува процесот на објавување на документи од јавен карактер, но уште поважно се олеснува процесот на директна комуникација на граѓаните со градоначалникот […]

ССНМ.орг.мк

Како дел од нашиот годишен план за општествена одговорност за 2022 година, одлучивме да соработуваме со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и да им донираме нова веб-страница, со која ќе можат полесно да комуницираат со членовите на синдикатот, да ги промовираат своите активности и да ги остваруваат своите цели како независен еснафски синдикат. […]

Skopje Photo Week 2021

Во екот на пандемијата во декември 2021, се вклучивме повторно во успешната приказна на Ангеловски Фотографија, која шести пат по ред се организираше во Скопје. Настанот повторно беше целосно онлајн со повеќе од 100 гледачи во живо. За Skopje Photo Week 2021, се погриживме да има одлично дизајнирана веб-страница, објави на социјалните мрежи и пренос […]

Најдоброто.мк

Во екстремно кус рок од 7 дена ја подигнавме веб-страницата „Најдоброто.мк“, која се користеше како кампањска Интернет локација за Локалните избори 2021 година. Клучниот предизвик беше да се внесат над 70 уникатни страни со сите кандидати и советнички листи, како и клучни програмски приоритети и целосните програми.