Сите проекти

Еден систем за теренот, канцеларијата и магацинот

Софтвер по мерка за фирма што монтира и одржува системи за безбедност и пожарна заштита. Работни налози, техничари, материјали и проекти на едно место, плус апликација на телефон за теренскиот тим. Наместо Excel табели.

Sensor · Sensor Field ERP
ОзнакиERP по мерка, Мобилна апликација, Приватен сектор
Година2026
РокПрва фаза во употреба

Проблемот.

Фирма со 30 години искуство во монтажа и одржување на системи за безбедност, видео-надзор и пожарна заштита, за банки, трговски центри, хотели, фабрики и јавна администрација низ регионот. Проектите, сервисите и вработените се водеа во Excel табели. Функционираше, но тешко се гледаше докаде е секој објект, колку време техничарите навистина поминуваат на терен и каква е целата слика за раководството.

Што направивме.

ИЗРАБОТКАПрва фаза во употреба
Прва фаза во употреба

Еден систем изграден околу објектот и работниот налог. Канцеларијата ги планира налозите. Техничарите ги гледаат денешните задачи на веб или во апликација на телефон, се чекираат на објектот, пријавуваат што направиле и бараат материјал. Магацинот издава материјал според тие барања и секое движење останува запишано. Проектите, сервисните тикети, одморите и возниот парк се на истото место, а аналитиката покажува како оди секој проект. Изградено на Blinkstrap, нашата основа за бизнис-софтвер.

Уште проекти.

Сите проекти
TapHR

Платформа со членарина за професионалци од човечки ресурси

Курсеви со сертификати, помош за вистински ХР случаи, форум само за членови и менторство еден на еден. Членовите плаќаат месечно или годишно со картичка, преку македонска банка.

2026 · Изработена и предадена

  • Django
  • Претплати
  • Плаќање со картичка
Прочитајте повеќе
Следење на акциски планови за министерство

Следење на акциски планови за министерство

Django платформа за следење на акциските планови на министерство, со кориснички улоги и извоз во Excel, CSV и PDF. Изработена за 20 дена.

2024 · 20 дена

  • Django
  • Веб-платформа
  • Јавен сектор
Прочитајте повеќе
Веб-страница за инспекторат што вработените сами ја ажурираат

Веб-страница за инспекторат што вработените сами ја ажурираат

Сите податоци пренесени од старата страница. Вработените сами додаваат податоци и документи, а секој инспекциски акт е достапен за јавноста. Повеќејазична, според WCAG 2.1.

2024 · 20 дена

  • WordPress
  • Пристапност
  • Јавен сектор
Прочитајте повеќе

Ајде, кажете ни што ве излудува.

Доволни се една-две реченици. Ќе ви кажеме како би го решиле и колку ќе чини.

Одговараме во рок од 1 работен ден.

Вашите податоци ги користиме само за да ви одговориме. Политика за приватност