Web
Веб-платформа за Анекта
Новата медиумска платформа на Анекта.мк е првиот голем проект на нашата „Фабрика за софтвер“.
Овој систем вклучува уникатен дизајн, специфициран за работата на Анекта како мултимедијален новински портал кој вклучува неколку големи модули во една веб-апликација. Изграден врз база на нашиот уникатен модел за градење веб-апликации, Анетка денеска овозможува на редакцијата да:
- Целосен контент менаџмент систем со визуелен дизајнер за новинарите да можат ултра брзо да додаваат текстови, слики и видеа
- Онлајн наплати и целосна е-трговија
- Модул за претплати со автоматски наплати, месечни потсетувања и заклучени содржини за претплатници
- Модул за продажба на билети за настани со QR скенер апликација за потврдување на билети при влез
- Веб-шоп со опции за додавање на секаков тип на продукти и следење на количини, со брз one-click чек-аут и зачувување на кориснички платежни картички
- Портал за претплатници со интегрирани соопштенија за истите и можност за директна комуникација
- Целосен дешборд преглед за администраторите за да го следат целиот процес на продажби и продукција на содржини
- Комплетна SEO оптимизација
Ова денес е еден од најмоќните веб-портали во Македонија, што ќе овозможи на Анекта да достигне нови височини.