Video
Видео продукција за EaseAccess24
Одличен проект за бизнис кој се труди да го направи сите веб-страници достапни за секого во Европската Унија.
Целта на овој проект беше да создадеме видео во кое ќе ги прикажеме клучните добивки на плагинот на EaseAccess24.
Идејата зад видеото е да прикажеме на секојдневните Интернет корисници како изгледаат непристапните веб-страници за корисници кои имаат некое нарушување на видот или слухот. Да се ставиме во „туѓите кондури“ и да покажеме дека не е сѐ така како што изгледа за нас.
Погледнете го видеото кое го создадовме за нивната маркетинг кампања: