Уште од самиот почеток на Блинк, ние се фокусиравме на интегрирање на AI алатки длабоко во нашите работни процеси. Ова е инвестиција што денеска гледаме колку се исплатеше: работиме побрзо и подобро од било која друга агенција на нашиот пазар.
Во Блинк секогаш се стремиме да ги предвидиме следните светски трендови. Нашата длабока инвестиција во AI уште од самото основање на фирмата, денес и те како се исплати! AI револуцијата ја дочекавме спремни и сме првата агенција во Македонија која има сериозно портфолио на работа со вештачка интелегенција.
Од тренирање на наши сопствени модели за препознавање и обработка на македонскиот јазик, па се до интеграција и користење на големи јазични модели (LLMs) за генерирање на содржини.
Нашиот тим веќе има интимно познавање како функционира AI магијата… Дозволете да го тргнеме превезот и да ви покажеме!
Кога ја формиравме Блинк, свесни бевме дека сме на самиот подем на вештачката интелегенција и импактот што ќе го донесе AI револуцијата. Меѓутоа, наидовме на еден голем проблем. Во 2020 година немаше ниту еден АИ модел што „разбира“ македонски јазик.
Тргнавме со лудата идеја да создадеме наш АИ модел кој ќе го „разбира“ македонскиот јазик, за да можеме да анализираме и генерираме македонски текстови. За таа цел, потрошивме една година во развивање на софтвер од нула, кој ќе ни дозволи да креираме податочни сетови за тренирање на овој модел. Кодно име: PageFluent.
PageFluent е целосна софтверска платформа за полу-автоматско лабелирање на текстуални податочни сетови и фотографии. Овој систем ни помогна не само да ја поставиме нашата софтверска и серверска инфраструктура, туку и да развиеме целосен pipeline за развивање на понатамошни софтверски продукти.
Врз база на целото собрано знаење, во 2021 година тргнавме со градење на нашиот прв софтверски продукт – NewsLogic. Ова е целосна SaaS платформа наменета за автоматски медија мониторинг на се’ што се објавува на македонски јазик на Интернет. Во NewsLogic, нашите AI модели се длабоко интегрирани за да одредуваат сентимент на објави, да пронаоѓаат ентитети во текстовите и за брзо и лесно пребарување и алертирање.
Уште од првата најава за ChatGPT и другите отворени LLM модели, ние ги тестираме лимитите на оваа технологија и гледаме како можеме да ги интегрираме во нашите работни процеси со цел да овозможиме брзина и ефикасност за нашите клиенти. Нашето интимно познавање на како работат овие модели и кои се нивните предности и маани ни дава уникатна предност пред конкуренцијата. Не дозволувајте да ве претрка конкуренцијата, време е за AI магија.
Нашата работа со вештачката интелегенција не е ни отприлика завршена. Не само што секојдневно работиме на подобрување на нашите модели и уште подлабока интеграција на AI, ние гледаме пошироко и сакаме да ја овозможиме AI револуцијата за сите македонски фирми.
Тесната интеграција на AI и развивање на софтвери, денес ни овозможува да создаваме веб-страници и веб-платформи во рекордно време – за дадени клиенти времето од 0 до продукција се мерело во часови, а не во месеци.
Нудиме широк спектар на AI, веб и софтверски услуги за да ги задоволиме сите ваши потреби.
Ултра брз веб-дизајн на вашата нова веб-страница преку користење на AI алатки и нашиот експертски тим кој има искуство во креирање на 200+ веб-страници. Не користиме теми, секој дизајн е рачно изработен!
Создаваме напредни ЦМС платформи за Learning management системи, бази на знаење, документ репозитории, системи за мапирање и ГИС, BI системи и многу, многу други типови на content management systems.
Целосна интеграција на системи за е-трговија и онлајн продажба, поврзување со платежни процесори, брзо импортирање на илјадници на продукти, како и автоматско влечење на продукти од други веб-страници.
Го користиме нашето интимно познавање во софтверски развој, за да ви помогнеме да ја преточите вашата идеја во функционален код. Имаме интимно познавање од дистрибуирани системи, безбедност и SaaS платформи.
Нашето веќе 5 годишно искуство во користење, интегрирање и пуштање во продукција на AI модели слободно можете да го искористите да ве советуваме како да го направите истото за вашиот бизнис.
Ќе ви помогнеме да го интегрирате ChatGPT во вашите деловни процеси или да го искористите АПИ-то на OpenAI за да ги интегрирате нивните модели во вашиот софтверски стек.
Нудиме и транскрипција на аудио и видео содржини од било која должина, на било кој јазик.
Генерирање на опсежни текстуални содржини, кои не личат на AI генерирани, на било која тема од блогови, контент маркетинг текстови, деловни презентации до бизнис планови, буџети и се' измеѓу. Користете ја AI магијата за да бидете побрзи од конкуренцијата.
Доколку сте амбициозни како нас, можеме да ви помогнеме да лабелирате и тренирате модели на ваши податоци и да ги интегрирате во продукциски околини, со цел да им овозможите на вашите вработени или клиенти да бидат дел од AI револуцијата.
Погледнете некои од нашите успешно лансирани веб-страници и софтверски решенија.