fbpx

Дигитален маркетинг за време на КОВИД-19

Светксата пандемија со коронавирус, не’ затвори сите дома, но тоа што е уште пострашно е што ги затвори повеќето бизниси, да мораат или да редуцираат со капацитетите или да затворат целосно. Економската штета што ќе ја претрпат сите бизниси во овој период е неизмерна, но можеби, постои и начин да се намали импактот на кризата.

Бизнисите на потежок начин ја учат лекцијата на дигиталната трансформација во 21 век. Дигитална трансформација со најпрости зборови значи кога вашиот бизнис го трансформирате од аналоген во дигитален. Од дигитално чување на записи и водење евиденција, онлајн состаноци, па се до дигитален маркетинг.

За жал или за среќа, во секоја криза и во секое лошо време има можности кои бизнисите можат да ги искористат за да останат профитабилни и да се намалат штетите. Еден од најдобрите примери денес за тоа е компанијата Zoom која има сервис за држење онлајн состаноци. Акциите на овој бизнис во Америка се зголемија за повеќе од 2 и пол пати, во рок од 1 месец, додека авионските компании трпат намалување на профитот за 90%.

Во Македонија и ние си имаме наши домашни примери на фирми кои за кратко се приспособија и остварија одличен бизнис, бидејќи им нудат на потрошувачите тоа што им треба, кога им треба, по поволна цела. Мој личен најдобар пример е бизнисот Paket.mk. Достава до дома за сите производи од супермаркет кои ви се потребни. Брзо, безбедно, едноставно и пред се’ не го имате стравот дека ќе ве разболи некој во супермаркет што ви кашла во вратот.

За жал, обратното е исто така точно. Многу бизниси ја пропуштаат можноста да продаваат онлајн, терајќи инает дека македонските купувачи не купуваат онлајн, дека не веруваат на такви бизниси и дека дигиталниот маркетинг ништо посебно не може да му донесе на еден бизнис.

Во прилог се неколку совети како полесно да ја преживеете кризата и како да настапите на социјалните мрежи ефективно, со цел да ја олесните кризата, барем малку:

Фокусирај се на раст, не на продажба

Нема нешто луѓе повеќе што игнорираат во денешно време, од бизниси што им трпаат беспотребни продукти, преку лоши реклами на нивните социјални мрежи. Мозоците веќе ни се сетирани целосно да ги игнорираме банерите од страна на порталите за вести и рекламите што ни се појавуваат за време на секојдневното скролање.

Профилите на социјалните мрежи за еден растечки бренд мора да се гледаат како силна долгорочна инвестиција, која ќе донесе поврат по извесно време. Мора да се фокусирате на градење на публика која го смета вашиот бренд за достоен и корисен за слење. Споделувајте совети за работа од дома, како вашиот бизнис работи во овие тешки времиња или пак запознавајте ги со вашите вработени.

Во никој случај не почнувајте да им продавате веднаш. Не треба објавите да бидат продажба, треба да бидат запознавање со вас и вашите продукти или сервиси.

Добра содржина е потребна, сега кога сите се дома

Полициски час кој трае повеќе од 12 часа и цел викенд затворени дома. Што мислите дека е број 1 нештото што сите ќе го прават? Се разбира дека ќе скролаат и ќе споделуваат на социјалните мрежи!

Кога велат дека оваа криза е без преседан, верувајте им. Како никогаш до сега, луѓе од целиот свет се затворени дома и прикачени на интернет. Дотолку многу се луѓето прикачени на интернетот, што сервиси како Гугл и Нетфликс мораа да го намалуваат квалитетот на видеата, за да го заштитат интегритетот на мрежата.

Почнете со редовно споделување на содржини и фокусирајте се на потребите на потрошувачите.

Имајте на ум дека психологијата на просечниот потрошувач сега е променета. Сите работат со мозок вклучен на преживување и купување во страв. Не бидете воени профитери, но дозволете им на вашите потрошувачи добро да се информираат и дајте им причина зошто да купат од вас.

Бидете искрени и не лажете за вашите производи. Тоа што не можат потрошувачите да го допрат производот пред да го купат, не значи дека треба да го искористите против нив и да им давате лоша роба. Ни Господ нема да ве спаси од тоа што ќе следи подоцна на социјалните мрежи.

Инвестирајте во онлајн продавница

Ова веќе мислам дека е очигледно. Толку е лесно во денешно време да се отвори онлајн продавница, што не треба воопшто ни да размислувате. Трошоците за одржување се далеку помали од вистинска реална локација, а бенефитот за потрошувачите е огромен.

Со добар дизајн и безбедно онлајн плаќање, е-трговијата е иднината на продажбата во Македонија. Во Америка на пример, заради онлајн купување преку Амазон, безбројни реални продавници и шопинг молови затворија со работа.


Доколку не сте сигурни од каде да почнете, слободно можете да ни се јавите во Блинк и бесплатно ќе ви помогнеме и ќе ве насочиме како да си помогнете на себеси, за да му помогнете на вашиот бизнис низ овие тешки времиња.

Доколку пак сакате брза, безбедна и едноставна за користење онлајн продавница, слободно обратете ни се на clients@blink.mk и ќе ви помогнеме да ја поддигнете вашата прва онлајн продавница.

Бидете безбедни и здрави, следете ги препораките и чувајте се!

Ви се допаѓа што читате? Имате нешто да додадете или да дискутирате?

Слободно пишете ни на нашите социјални мрежи или на hello@blink.mk.