fbpx

Организација на настани

Ние создаваме незаборавни настани кои оставаат траен впечаток за вашите посетители. Со нашата експертиза и внимание на детали, вашите настани ќе бидат на време, успешни и професионално изведени.

Типови на настани кои ги организираме

Нашиот процес

Од планирање и концептуализација до егзекуција, промоција и анализа – ние се грижиме за секој аспект од вашите настани да поминат мазно, безбедно и без нервози.

Планирање

На иницијалниот состанок разговараме кои се вашите клучни цели, број на гости, буџет за настанот, а ние ви помогаме да селектирате адекватна локација и каков се тип на услуги ќе ви бидат потребни. 

Дизајн и промоција

Во фазата на дизајн, почнуваме од дигитален брендинг, па се до принт материјали, буклети, постери, влезници. Отпочнување на фазата за промоција и маркетинг за настанот, креирање на веб-страница и продажба на билети.

Техничка поддршка

Пред настанот договораме преку нашите партнерски рентал фирми, изнајмување на опрема за самиот настан, почнувајќи од бина, ЛЕД екрани, ТВ, камери, кран камери, дронови, светла, симултан превод, толковен превод итн…

Координација и продукција

Добрата комуникација пред и за време на настанот е клучна. Особено кога треба да се координираат различни тимови. Затоа, создаваме писмено сценарио со тајминзи за секој детаљ од настанот и се водиме сите по него.

Анализа и евалуација

По завршување на настанот правиме евалуација на бројот на медиумски објави, прес-клипинг, евалуација и евиденција на сите сегменти од настанот, анализа на објави на социјални медиуми, како и евалуација на маркетинг напорите за настанот.

Пост-промоција и wrap-up

Пост-промоција на настанот со објавување на видео и фото објави, завршни соопштенија до медиумите, комуникација со посетителите. Дополнително правиме и колекција и каталог од сите креирани материјали, фото и видео од настанот и ги споделуваме со вас.

Ние се грижиме вашиот настан на годината да биде совршен.

Погледнете некои од успешните настани кои сме ги организирале.

Услуги

  • Концептуализација и планирање
  • Локациски менаџмент
  • Аудио-визуелна продукција
  • Промоција и маркетинг
  • Логистика и координација
  • AI алатки за транскрипција во живо

Технологија и иновации

  • Висококвалитетни преноси во живо
  • Интерактивни платформи за учесници
  • Хибридни настани преку Zoom
  • Онлајн вебинари
  • Техничка поддршка за дигитални настани
  • Напредни ИТ системи за менаџмент на настани
  • Веб-платформи за продавање на билети

Ти треба помош?

Започнете со планирање на вашиот следен настан денес.