fbpx

Преспа Форум Дијалог

За нашиот клиент, Министерството за надворешни работи изработивме целосно брендирање на нивниот регионален, мултинационален настан наречен „Преспа форум за дијалог“.

Поради кратките рокови за работа, дизајнерската фаза беше поделена во две фази: (1) дизајн на логотип кој веднаш може да се прикаже на јавноста од страна на министерот Бујар Османи и (2) подетално брендирање на креирање на повеќе различни бренд елементи кои ќе можат да се користат за пропратна пормоција и уредување на просторот каде што се случуваше настанот.

За ПФД

Република Северна Македонија со потпишувањето на Договорот од Преспа, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, како и Охридскиот рамковен договор претставува уникатен пример на држава, која понуди конкретни решенија и покажа креативен пристап, како во однос на отворените билатерални прашања со соседите, така и во однос на нејзиното внатрешно уредување.

Основната цел на Преспа форум за дијалог (ПФД) е тој да се промовира како платформа и место за формални и неформални средби на политички лидери, видни и истакнати поединци од академската, бизнис и медиумската средина, претставници на граѓанското општество со фокус на младинските организации итн. од регионот на Југоисточна Европа и пошироката меѓународна заедница на кои што ќе се дискутира, ќе се разменуваат мислења, искуства и идеи и ќе се нудат решенија за актуелни прашања од регионална и глобална природа.

Основен логотип

Амблемот на Преспа форум за дијалог се состои од два дела: симбол (лево) и текст (десно).

Симболот е квадрат со жолта боја, инспирирана од знамето на Република Северна Македонија, помешана со бојата на ѕвездите на знамето на Европската Унија, која ја симболизира нашата стратешка цел да станеме дел од ЕУ.

Во квадратот има стрелка ориентирана нагоре и надесно, со темно сина боја, која е мешавина од боите на МНР, на НАТО знамето и темно сината боја на знамето на ЕУ. Ориентацијата на стрелката го симболизира стремежот на Северна Македонија секогаш да се движи напред и нагоре – константен прогрес.

Во текстуалниот дел, испишани се зборовите „Преспа Форум Дијалог“, преведени на Македонски, Албански и Англиски јазик, кои ја прикажуваат мултикултурната природа на државата.

Заедно, деловите градат еден уникатен логотип, кој е брз и едноставен за паметење, модерен во својот дизајн и естетика и лесен да се вклопи на секоја површина.

Бренд материјали за настанот

Ви се допаѓа што читате?
Имате потреба од слични услуги?

Слободно закажете бесплатна консултација преку нашите социјални мрежи или на hello@blink.mk.

Останати проекти

Блог