Во денешно време не треба да дискутираме дали еден бизнис или бренд треба да има веб-страница. Меѓутоа, во Македонија е отворен еден нов пазар на фриленсери и анонимни маркетинг агенции кои ветуваат бесплатни веб-страници, веб-страница за месечни претплати или пропратна веб-страница.
Инвестирањето во веб-страница е еден најчестите првите чекори што ги преземаат бизнисите / брендовите при воспоставувањето на нивното присуство на Интернет. Опциите набројани погоре се примамливи, со цел да се намалат трошоците. Сепак, привлечноста на евтина или бесплатна веб-страница често го крие долгорочниот трошок и предизвици кои можат да се појават.
Еден од најзначајните скриени трошоци е слабата изведба. Бесплатните или нискобуџетните веб-страници обично доаѓаат со ограничени серверски ресурси, ригидно изведен неменлив дизајн, што резултира со побавни времиња на вчитување на веб-страницата и генерално лошо корисничко искуство. Ова може да ги фрустрира потенцијалните клиенти, што доведува до поголеми стапки на напуштање на страницата и пониски стапки на конверзија. Во ера каде корисничкото искуство е од најголема важност, бавната веб-страница може сериозно да ја наруши репутацијата и профитабилноста на бизнисот.
Чисто за илустрација, според истражувања на Goolge, прво вчитување на веб-страницата ако трае подолго од 1 секунда шансите да го загубите посетителот растат на 90%!
Опциите за прилагодување на евтините или бесплатните платформи обично се ограничени, што ја ограничува можноста за креирање на уникатно онлајн присуство. На еден бизнис му се намалуваат шансите да интегрира важни функции или уникатни дизајнерски елементи кои го одразуваат нивниот бренд. Со текот на времето, како што компанијата расте и нејзините потреби се развиваат, овие ограничувања може да го задушат растот и да наложат скапи надградби или миграции на посилни платформи.
Безбедноста е уште еден критичен аспект. Бесплатните или нискобуџетните веб-страници често немаат напредни безбедносни карактеристики или чинат многу скапо, што ги прави повеќе подложни на сајбер напади, особено ако веб-страницата користи онлајн плаќања.
Тоа што можеби е најклучно е скалабилноста на веб-страницата. Еден бизнис може да расте долго време споро, па потоа нагло да експлодира. Во вакви ситуации, можете да бидете фатени неподготвени и страницата едноставно да падне и повторно да не се врати. Дали сте спремни да загубите потенцијални клиенти, бидејќи серверот на кој ви е веб-страницата не може да го издржи напливот на сообраќај?
Дали знаете дека вашата веб-страница може да ви биде поставена на т.н. споделен хостинг, кој е нискобуџетна алтернатива, каде неколку веб-страници делат еден ист сервер. Вашиот сајт може да е целосно функционален, меѓутоа не знаете со кого ги делите ресурсите на тој сервер. Може другата веб-страница да експлодира и да ги бутне сите страници што се на тој сервер. Значи можете да страдате и тоа воопшто да не е ваша вина!
Надградбата или миграцијата на поспособни сервери не се прави со три клика за 5 минути! Тоа е процес што може трае долговреме, а некогаш и повеќе од 7 дена. Дискутабилно е колку способен кадар имаат нискобуџетните фирмите ова да го направат без да ги загубите податоците и клиентите. Што значи дека сега наместо еднаш, два пати ќе ја платите веб-страницата.
Бесплатна или евтина веб-страница може да изгледа како супер економичен избор на почетокот, меѓутоа мора да знаете дека секогаш има скриени трошоци, предизвици, ригидна структура и тешко додавање на елементи, да не збориме за безбедноста и скалабилноста.
Веб-страницата треба да ја гледате како инвестиција, а не како трошок!
Веб-страницата е личната карта на вашиот бренд. Веб-страницата е првото нешто што луѓето ќе го видат и е првиот впечаток што го оставате со нив! Лошо оптимизирана веб-страница ве става под вашите конкуренти на пребарувачите како Google.
Инвестирањето во професионална, добро дизајнирана веб-страница од самиот почеток може да заштеди пари, време и главоболки на долг рок.
За крај, ние во Блинк, сме работеле на мали бизнис веб-страници и на големи и комплекси веб-платформи со стотици илјади месечни посети. Од ова искуство, ни дозволува да збориме на оваа тема, и да го дадеме ова предупредување за сите што се размислуваат за нова веб-страница.
Зошто нашите цени се поскапи од конкуренцијата и варираат од клиент до клиент?
- Добивате уникатен дизајн, базиран на вашиот бренд, нема лимити.
- Безбедно поставување на хостинг доколку немате или оптимизирање на веќепостоечки хост.
- Веб-страницата функционира и изгледа одлично, од кој уред и да ја гледате, ова се подразбира по дифолт и нема дискусија околу ова. Срамота е ова да се спомне, не па да се користи како уникатен „селинг поинт“, мора да се прави!
- Поддршка 24/7 и едни од најбрзите времиња за решавање на тикети.
- Нема нешто што не може да се направи за клиентот, доколку му треба. Без разлика дали е дизајн или веб-функционалност, нашите програмери и девелопери можат да решат најмалку 99% од проблемите.
- Брзина и искуство. Од прв состанок до финален продукт за 24 часа, доколку мора да се направи, се разбира чини поскапо. Реално време на изработка е од 7 до 30 денови, па некогаш и повеќе во зависност од тоа што се барањата на клиентот. Извинете, ама нема некој што може да работи побрзо од нас, доколку мораме, се разбира имаме и докази за нашата брза, ефикасна и прецизна работа.
- Превод на колку јазици и да сакате на целата содржина на сајтот.
- Ги добивате сите лиценци доживотно, нема кракнати пиратски верзии на плагини, софтвери и слично.
- Веб-страницата ви ја предаваме во целост, доколку не сакате да соработувате со нас, слободно, не ви ја гасиме или уништуваме веб-страницата. Зошто да правиме нелојална конкурентност?
- Со секоја веб-страница добивате целосна документација, видео обука и онлајн курс достапен за вас и вашите вработени со цел да можете лесно да обучувате постоечки и идни вработени. Воедно добивате и 3 месеци гарантен период, со цел мазно пуштање во употреба на веб-страницата.
На крајот, ваши се парите, вие одлучувате што да правите со нив – наше е да предупредиме дека може да ве чини многу, многу скапо.