Денес живееме во дигитален свет, со дигитален пазар кој се зголемува сѐ повеќе од ден на ден. Бизнисите кои нема да се приспособат за дигитална продажба и контент маркетинг на социјалните мрежи, ќе трпат големи загуби.
Но, што велат бројките?
Во Македонија на секои 10 македонци, 2 ќе слушаат радио, 3 ќе направат онлајн нарачка, 5 се секој ден активни на Facebook, 7 ќе гледаат ТВ, а 8 ќе сурфаат на Интернет. Од тие што гледаат ТВ, голем број од нив ќе го дофатат мобилниот телефон, штом почнат рекламите и ќе се вклучат на Интернет.
Пренесено во груби бројки ова значи дека има 1,1 милион активни Facebook профили и 2,27 милиони активни мобилни телефони. Мобилниот интернет во просек е за 50% побрз од домашната интернет врска. Повеќе од 70% од граѓаните кои се активни на Интернет, го пристапуваат преку своите мобилни телефони.
Инстаграм втората најдоминантна социјална мрежа во Македонија и има најголем простор за користење на дигиталните маркетери. Во 2019 година, оваа мрежа имала 610.000 активни корисници. Поради уникатниот начин на кој работи Инстаграм, речиси сите корисници пристапуваат од мобилен телефон.
Најбрзо растечки платформи во Македонија се Твитер и ЛинкдИн, но во овој ранг, ЛинкдИн ја има доминантната позиција со околу 220.000 корисници и зголемување од околу 5% годишно. Твитер е на дното со 86.000 корисници, од кои околу една третина се дневно активни корисници.
Оваа година, просечниот македонски корисник на Facebook во еден месец имал интеракција со 19 реклами, повеќе во споредба со други земји. Ова наведува дека нашиот пазар уште не е презаситен со реклами и дека има простор за раст на дигиталниот маркетинг. Се разбира, ова не значи дека треба да се преплави пазарот со лоши реклами и досаден контент маркетинг.
За жал, многу малку домашни фирми го разбираат трендот на социјалните мрежи и слабо ги користат за да допрат до своите купувачи или да бидат видени од нови. Ретки се малите и средни бизниси кои издвојуваат буџети за добра дигитален маркетинг и кои имаат изграден дигитален брендинг, стил на објави и промислени содржини за социјалните мрежи.
Ако нешто би сакал да извлечете како порака од овој текст е фактот дека немате веќе луксуз да немате дигитална стратегија за вашиот бизнис и бренд. Се’ повеќе македонци ги користат социјалните мрежи и купуваат преку Интернет.
Инвестирајте време во запознавање на навиките на вашите (потенцијални) купувачи, на кои мрежи се, кога се добри времиња за објавување и почнете да создавате содржини за нив. Секој почеток е тежок, но немате време за губење да почнете. Секојдневната интеракција со вашите клиенти, преку социјалните мрежи значи градење на лојална публика, која ќе биде секогаш покрај вас.
Прочитајте повеќе за целото истражување:
https://datareportal.com/reports/digital-2019-tfyr-macedonia?rq=Macedonia