Продажбата оди лошо во последно време? Нема доволно клиенти? Слаба посетеност на вашиот кафиќ или ресторан? Лоша продажба во дуќанот? Да, знам. Сите овие дилеми и маки секојдневно ги слушаме во Блинк од нашите клиенти… и тоа е фер, не сите сакаат да се занимаваат со маркетинг и производство на содржини и објави за социјални мрежи. НО, тоа што не можам да го сфатам е како можете да објавувате на вашите лични профили, но кога станува збор вашиот бизнис, се закочувате.
Создавањето на содржини воопшто не е и не треба да биде тешкотија во текот на еден ден. На повеќето од нас ни доаѓа природно, но мислам дека има едно гласче во главата што не ни дава да кликнеме „Објави“.
Бенефитите од секојдневното објавување и интеракција со сегашните и идни муштерии мислам дека треба да бидат и повеќе од јасни. Имаме повеќе примери каде со секојдневно таргетирано објавување преку Фејсбук пејџ, бројот на продажби во еден бизнис растел и за повеќе од 200%.
Социјалните мрежи ви нудат бесплатен маркетинг ресурс. Вашите профили се помоќни од било која прескапа ТВ или Радио реклама што вашите конкуренти ја плаќаат. Погледнете ја само разликата. Ангажирање на агенција како Блинк, која ќе ви изработи детална стратегија, ќе ви изработи таргет публики, ќе ви ги даде сите дизајни и алатки како да објавувате секој ден, ќе ве чини поевтино отколку да снимите скапа реклама и да ја вртите секојдневно на ТВ.
Не велам дека не гледаат луѓе ТВ, ама повратот на инвестицијата е многу мал. Кај социјалните мрежи имате мала инвестиција однапред и голем поврат за кратко време потоа.
Затоа, почнете да создавате веднаш, не ви треба ништо посебно. Ви ги знаеме сите изговори. 🙂
Не ви треба специјална камера, не ви треба посебен софтвер, не ви треба ништо повеќе од еден паметен мобилен телефон. НИШТО повеќе од тоа… Добро, ви треба и желба за објава се разбира. Почнете со објави веднаш, ако не знаете како, ние можеме да ве научиме.