За потребите на УНДП и МВР, со финансиска поддршка од Корејската национална полициска агенција, изработивме дигитален курс за вработените на Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, со кој истите ќе можат подлабоко да се запознаат со пристапот кон жртви на Технолошки овозможено родово-базирано насилство.
Курсот е дизајниран да биде максимално интерактивен врз база на текстуалните материјали кои ни беа доставени и има 74 интерактивни секции со 3 квиза помеѓу содржините и дизајниран сертификат кој го добива секој вработен кој ќе го заврши курсот успешно.
