За клиентот, Библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје, организиравме целосен хибриден настан, заедно со ДВД5+ и Фабрика како наши продукциски партнери, во кој во две сали паралелно течеа предавања и дискусии помеѓу учесници од 17 земји од Европа и повеќе различни локации во Кина.
Ова беше еден од ретките настани со симултан превод од македонски на кинески јазик и обратно.
Настанот траеше два работни денови, со повеќе од 100 присутни гости во живо и над 50 вклучени на Zoom.