Коронавирус.гов.мк е централно место за сите информации поврзани со пандемијата на Коронавирус во Северна Македонија. Веб-страницата беше изработена за потребите на Секторот за односи со јавноста на Владата на Република Северна Македонија.
Веб-решението има моќни алатки интегрирани во него, со што на самите крајни корисници им се овозможува директен пристап до многу информации, презентирани на начинот на кој лесно ќе ги разберат и визуелизираат.
Цели и предизвици:
- Многу брза имплементација од дизајн до жива страна
- Достапност на содржини во повеќе јазици
- Подесување на серверска конфигурација и оптимизација
- Оптимизација за прелистувачи и брзо пронаоѓање (SEO)
- Прогресивна веб-апликација (PWA)
- Нотификации за корисници
- Визуелизирање на статистички податоци
- Визуелизирање на мерки и рестрикции
- Пребарување низ документи и уредби
- Висок степен на безбедност и заштита на податоци и интегритет на датабазата
Рок на испорака:
3 недели:
- 10 дена дизајнирање и внесување на податоци
- 8 дена корекции и состаноци
- 4 дена серверска имплементација, финални тестирања и пуштање
Технологии:
- WordPress
- PWA
- Google Data Studio
- Notification framework
- Респонзивен дизајн
Дизајнот е комплетно рачно направен, со имање на ум како просечниот корисник да не клика премногу за да ја најде информација која му е потребна.
Уникатни решенија
Пребарување на документи
Во соработка со ИРИ Македонија, СОЈ на ВРСМ и дополнителни експерти од правото, го изработивме пребарувачот за Уредби и документи донесени од Владата, а во врска со Коронавирусот.
Алатката овозможува пребарување на документите по категорија, тагови, наслов, но и пребарување на содржина внатре во самите ПДФ документи, овозможено преку OCR.
На сликата е прикажано едно најобично пребарување за терминот „Куманово“, каде што плагинот ги враќа сите документи кои внатре го содржат терминот.
Документот може да се преземе или директно да се прегледа во самиот плагин.
Детални статистики
Собирање, прикажување и анализирање на сите податоци кои пристигнуваат од Институтот за јавно здравје.
Целта на овој преглед е веднаш да даде информација на корисникот што се случува во тој момент со пандемијата во Северна Македонија, но, на втор подетален поглед да прикаже и подлабоки информации.
Оваа алатка е исто така корисна за истражувачи, бидејќи можат лесно да додаваат автоматски филтрирања на елементите, со што можат да навлезат во деталите на информациите и да ја извлечат токму таа информација која им е потребна.
Завршни зборови
Овој проект беше вистински предизвик да се изработи, бидејќи бараше компресија на сите фази од изработка на еден проект без никаков простор за грешки или одложувања.
Еден од најголемите предизвици беше да се изработни страница која ќе биде достапна за што е можно поголем број на луѓе. Веб-страницата е денеска достапна на 3 јазици, со сите содржини преведени.
Веб-страницата, во првите 3 месеци од пуштањето има 2.000.000 прегледи, скоро 350.000 уникатни посетители и повеќе од 850.000 сесии. Повеќе од 100.000 корисници ја нашле веб-страницата преку пребарувачи како Google или Bing, со просечно рангирање на Google од 3.2 до 3.6 на SERP. Над 50% од посетите се остварени преку мобилен телефон.