fbpx

Instagram Stories – Иднината на креативниот краток маркетинг

Инстаграм стори форматот го користат повеќе од 500 милиони луѓе дневно, со годишен пораст од 100 милиони нови корисници. Не треба ниту да се заборави на најновата брзо растечка мрежа ТикТок, која исклучиво го користи Стори форматот.

Приказната за Instagram Story форматот, всушност започнува со SnapChat во 2011 година, кои беа првата социјална мрежа, која го започна форматот на вертикални селфи слики, што исчезнуваат после 24 часа. Снепчет денес веќе не е тоа што беше, но затоа Facebook доцна во 2013 година одлучи да ја „позајми“ овој нов формат, за својата тазе купена социјална мрежа Инстаграм.

Денеска, Инстаграм стори форматот го користат повеќе од 500 милиони луѓе дневно, со годишен пораст од 100 милиони нови корисници. Не треба ниту да се заборави на најновата брзо растечка мрежа ТикТок, која исклучиво го користи Стори форматот.

Во основа, Стори форматот е исклучително лимитиран и навидум е предизвик за маркетерите да го користат. Тој овозможува:

  • 1080 х 1920 пиксели димензија (Full HD – вертикално видео),
  • Видео до 15 секунди,
  • Активно се прикажува 24ч, со можност да се зачува за пасивно прикажување.

За кого е Стори форматот?

Сите бизниси што рекламираат и продаваат продукти за млади луѓе (помлади од 35 години, а особено тинејџери) мораат да го користат Стори форматот на Инстаграм секојдневно.

Конзумирањето на дневни содржини на македонските тинејџери е сведено на затворени групи и Инстаграм сториња. Тие едноставно веќе не сакаат да објавуваат и споделуваат содржини на NewsFeed на Фејсбук, ниту пак конзумираат фотографии и објави на Инстаграм фидот.

Примарна таргет демографија: Тинејџери и млади до 30 години.

Начин на комуникација: опуштен, со сленг, адаптиран за млада демографија.

Како се користи Стори форматот?

Тоа што треба да го знаете веднаш е дека ова е долгорочна инвестиција и треба сериозно да се пристапи доколку одлучите да го користите. Одличната вест е дека алгоритмот на Инстаграм кога станува збор Стори форматот е многу поотворен, отколку на други места во социјалните мрежи. Тоа значи дека вашите постови органски ќе бидат видени од многу поголема процент од вашата публика. Тоа што исто така не треба да се занемари е и фактот дека Инста стори рекламите се во моментов многу евтини на нашиот дигитален пазар.

Стори форматот дозволува и добро дизајнирани креативи и анимирани видеа, но дозволува и нискоквалитетни во-моментот-тип-на-содржини. Тоа значи дека секое утро можете да почнете со утрински дизајнирани постови, да продолжите со споделување на пост, па да објавите слика од вашата канцеларија или пак да снимите behind-the-scenes содржина од работата во канцеларијата или нов продукт кој се спремате наскоро да го лансирате. Фактот дека објавата ќе исчезне после 24 часа, ви ја дава ексклузивноста да експериментирате, без да се плашите од можни последици.

Идеалниот број на објави е меѓу 4 и 8 во 24 часа.

Да, тоа од прва личи на многу објави, но не мора да биде. Имајте на ум дека комуницирате со првенствено млада публика, која објавата ќе ја види само еднашка во денот 5 до 10 секунди. Тоа значи дека треба да влезе во очи веднаш, да има малку текст (8 до 10 лесни и кратки зборови) и да пренесува јасна порака веднаш. Доколку имате повеќе од 10.000 следачи, не заборавајте да ставите линк.

Користете ги ограничувањата за ваш бенефит!

Наместо да ставите цел параграф текст во една креатива, разделете го во неколку поврзани креативи и додадете последна креатива која ќе биде Call-to-action повик за да посетат линк или да купат производ.

Не губете време на дизајнирање. Користете ги вградените можности на Инстаграм или пак користете некои од илјадниците бесплатни креативи од Canva.com.

Не заборавајте да ставите локација на вашите објави! Инстаграм ги групира објавите по локација и дозволува да бидете откриени од нова публика.

Зголемете ја интеракцијата со вашите следачи преку користење на анкети, прашања, гласање за работи и не заборавајте да ги насочите.

Не треба да продавате со секоја објава, туку да градите лојални следачи, кои ќе бидат и ваши лојални потрошувачи.

Секоја објава во која продавате, треба да биде следена од 4 во кои давате информации, споделувате знаење или новости или едноставно објавувате интересна содржина.

Фактот останува, во моментов Стори форматот е недоволно искористен од маркетерите, а има голема публика која продолжува да се зголемува. Цела е да бидете отворени, комуникативни и лесно да може да ви се пристапи како бренд. Луѓе да прашаат, да се поврзат со вас и да дознаат повеќе за вашите продукти. Личи комплицирано, ама време е да почнете, не е толку страшно!

Ви се допаѓа што читате? Имате нешто да додадете или да дискутирате?

Слободно пишете ни на нашите социјални мрежи или на hello@blink.mk.