fbpx

Маркетинг vs Брендинг vs. Рекламирање

Маркетинг, брендинг, рекламирање, РОИ, ППЦ, ЦПЦ, ПР... Маркетинг индустријата здравје боже има многу кратенки, термини и стручен жаргон, кој ни си го користиме цело време, но нашите клиенти не секогаш не разбираат.

Маркетинг, брендинг, рекламирање, РОИ, ППЦ, ЦПЦ, ПР… Маркетинг индустријата здравје боже има многу кратенки, термини и стручен жаргон, кој ни си го користиме цело време, но нашите клиенти не секогаш не разбираат.

Сепак, денеска сакам да се фокусирам на главните три термини на маркетинг светот, што понекогаш сите ги користиме во смислата на еден термин само, но всушност значат три многу различни работи.

1. Маркетинг

Маркетинг е првиот и главен термин што треба да го одделиме од групата. Маркетингот го означува целиот процес на стратешко користење на низа алатки, кои кога ќе се употребат на одредена публика, кај таа публика будат одредено чувство или целат да предизвикаат одредена акција. Маркетингот ги опфаќа сите алатки кои ги имате на располагање, почнувајќи од градење бренд за вашиот бизнис, реклами, комуникациски канали, комерцијални односи со јавноста и медиумите, до билборди и светлечки реклами.

Но, во маркетингот спаѓа и дизајнот кој ќе го одберете и ќе го користите, начин на кој вашиот бренд изгледа и логото кое го користите. Во основа, зборот маркетинг е чадор термин за сите надворешни комуникации кои ги имате, а се насочени кон продажба и запознавање на купувачите со вашиот бренд и продукт.

2. Брендинг

Брендингот е веројатно најпогрешно употребуваниот збор во маркетингот. Брендирање е термин кој го опишува чувството и емоциите кои вашата организација ги буди кај читателите и купувачите. Тоа е вашата репутација, колку луѓето ви веруваат и што мислат за вас.

Без разлика дали станува збор за лична репутација на директорот на фирмата или репутацијата на самиот бизнис, брендингот е исклучително важен за поголемите бизниси, за да можат да создаваат нови и лојални муштерии.

Кај фирмите кои работат со Б2Б услуги, брендингот е и најважен. Тука брендирањето означува градење и одржување на здрава репутација и било какви грешки во брендирањето можат да ве чинат многу клиенти.

Дополнително, ова е една од оние работи кои без разлика дали сакате или не сакате да ги водите, ќе постојат. Секоја посета на вашата веб-страница, секоја предадена визит картичка и секој лајк на вашите објави на социјалните мрежи е дел од вашиот надворешен имиџ и гради слика за вашиот бренд во мозоците на вашите клиенти. Ако не го контролирате брендинг процесот, тој ќе ве контролира вас.

По најново, дури и корпоративната култура се вбројува во делот на брендинг процесот, бидејќи вашите вработени се и вашите главни гласници на социјалните мрежи. Тие ја пренесуваат вашата култура, а со тоа и вашиот бренд на нивните пријатели, кои верувајте можат и те како да бидат вашите главни потрошувачи. Не е тоа публика која треба да се игнорира така лесно.

3. Рекламирање

Рекламирањето е актот на активно пуштање платени реклами на ТВ, радио, социјални мрежи и принт медиуми.

Рекламите се дел од маркетинг стратегијата и треба да бидат продолжена рака на брендингот. Целта на рекламите е да бидат инвестиција на средства во дизајнирање креативи или снимање рекламни спотови, па потоа плаќање на ТВ, радио станици, социјални мрежи, веб-портали и слично, за да активно ја пренесуваат вашата порака до нивните следачи и гледачи.

Не заборавајте дека сите три овие работи бараат од вас сериозна посветеност и ангажман, но и добро и детално таргетирање и правилно одредени публики, за да можете да бидете сигурни дека вашите пораки допираат до правите луѓе.

Ви се допаѓа што читате? Имате нешто да додадете или да дискутирате?

Слободно пишете ни на нашите социјални мрежи или на hello@blink.mk.