За потребите на Државниот инспекторат за животна средина на Северна Македонија изработивме целосно нова веб-страница, заедно со трансфер на сите податоци од застарената претходна страница. Со ова, ја доближивме институцијата до граѓаните, бидејќи сега сите најнови податоци и инспекциски акти се веднаш достапни за сите.
Клучен дел од новата веб-страница е брзото и лесно додавање на податоци и документи од страна на вработените, што ја забрзува работата и го прави инспекторатот многу поефикасен и транспарентен за сите граѓани.
Веб-страницата освен што е повеќејазична, истата ги исполнува сите WCAG2.1 стандарди за веб-пристапност за луѓе со попречености.
Веб страницата е изработена во рамки на проектот „Справување со загадување на воздухот“ кој го спроведува УНДП со финансиска поддршка на Шведска.


