fbpx

СДСМ.орг.мк

Проект за модернизирање на веб-страницата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, пред парламентарните избори 2020 година.

Предизвикот на овој проект беше за многу кратко време да се модернизира и мигрира постоечката веб-страница на СДСМ од еден ЦМС на друг ЦМС и од еден сервер на друг сервер. Дизајнот и покрај тоа што не претрпе големи промени, туку козметички „фејс-лифтинг“, главната работа беше во позадинскиот дел.

Целта на трансферот беше да се дозволи на ПР секторот да може да работи брзо, ефикасно и да менува и додава содржини од било кој уред на било која локација.

Клучниот предизвик беше префрлање на повеќе од 10.000 уникатни објави, за кои немаше никаков начин да се експортираат автоматски од стариот ЦМС. За таа цел, користевме скрипта која го кролаше стариот ЦМС за сите содржини и автоматски ги додаваше на новиот ЦМС. Со ова, за еден викенд, автоматски ги пренесовме скоро 10.000 содржини, заедно со нивните слики, текстови, категории, уникатни обележја и видеа.

Втора цел на редизајнот беше и додавање на можност за додавање на содржини на повеќе јазици и превод на веб-страницата.

И покрај тоа што префрлувањето на веб-страницата за надворешните корисници изгледа само како обично освежување на дизајнот, најголем бенефит има ПР тимот, кој сега знае дека има предвидлив ЦМС, заштитен, обезбеден, напреден, модерен и најважно – ЛЕСЕН за користење.

Со ова се отвора и можноста за брзо редизајнирање и целосно менување на дизајнот на било која од страниците, бидејќи темата е рачно изработена со визуелен дизајнер.

Пред и потоа

Ви се допаѓа што читате?
Имате потреба од слични услуги?

Слободно закажете бесплатна консултација преку нашите социјални мрежи или на clients@blink.mk.

Останати проекти:

Хибридни настани зима / пролет 2022

Без разлика на фактот што глобалната пандемија почна да попушта, организацијата на настани остана да биде проблематична и комплексна оркестрација на многу подвижни елементи. Во сезоната зима / пролет 2022, голем дел од настаните останаа да бидат хибридни или целосно дигитални. Во оваа сезона имавме повеќе компании и организации со

Повеќе >>

WEgate – дигитален настан

Во екот на светската коронавирус пандемија, алатките како Zoom не’ донесоа поблиску од кога било, од сите делови од светот. Во октомври 2021 година, на WEgate (организација за жени претприемачи на ниво на Европа) им помогнавме во реализација на целосно дигитален настан WEgate Summit 2021. Настанот вклучуваше видео реализација во

Повеќе >>

Видео продукција за Преспа институт

Видео серијал од шест видеа за социјалните мрежи, изработени за Преспа институтот, каде што се објаснува нивниот најнов проект, Опсерваторијата на влијанието и имиџот на државите. Во прилог е видео серијалот.

Повеќе >>
This site is registered on wpml.org as a development site.