fbpx

Socio-Ecological Forum Skopje 2021

Детално брендирање и организација на голем хибриден настан во Скопје.

Социо-еколошкиот форум Скопје 2021 е првиот форум на високо ниво кој се организира за земјите од Западниот Балкан и кој ги поврзува регионалните одлучувачи (политички партии, институции, НВО и тинк-тенкови) со цел да дискутираат за зелената иднина на регионот и начинот како да се постигне јаглерод-неутрална, чиста иднина за сите.

Клиенти беа Friedrich-Ebert-Stiftung, Olof Palme International Center, Прогрес Институт за социјална демократија.

За организација на настанот, целосната брендинг стратегија и односите со јавноста имавме нешто помалку од 30 дена.

Во текот на подготвителната фаза, заедно со клиентите ги утврдивме целите кои сакаат да бидат постигнати и ги усогласивме пораките кои требаше да се комуницираат до јавноста и медиумите.

Бидејќи времето беше исклучително кратко, а обемот на задачи беше огромен, тимот на Блинк се подели на три тима кои работеа паралелно низ три фази за исполнување на проектот:

Тимови:

  1. Тим за дизајн и брендирање / Креирање на веб-страница
  2. Тим за продукција и организација
  3. Тим за односи со јавноста

Фази:

  1. Претпродукција, најава и брендирање
  2. Ден на настанот
  3. Постпродукција, одјава и евалуација

Откако тимовите одлично си ги завршија своите задачи, на крајот имавме исклучително успешен настан, кој со физичко присуство беше домаќин на 70 регионални организации, 2 премиери, неколку европратеници, околу 300 гости, од кои нешто повеќе од 40 новинари (домашни и странски). На Zoom не’ следеа уште повеќе од 40 луѓе, додека преносите во живо имаат повеќе од 10.000 прегледи заедно.

За време на денот на одржување на настанот и следниот ден, остваривме повеќе од 150 објавени медиумски текстови поврзани со настанот.

Во организацијата на настанот беа вклучени околу 40 технички лица, маркетинг лица, дизајнери продуценти, реализатори, фотографи, видео-сниматели, преведувачи и други професионалци.

Повеќе за овој настан можете да дознаете на веб-страницата: https://sef-skopje.mk/

Во прилог фотографии од брендинг материјалите и видео од настанот:

Ви се допаѓа што читате?
Имате потреба од слични услуги?

Слободно закажете бесплатна консултација преку нашите социјални мрежи или на hello@blink.mk.

Останати проекти

Блог