Веб-платформа GreenTour

За потребите на преку-граничниот проект Green Tour, изработивме туристички портал за Општина Сарај и Општина Лебане Србија, со што се приближуваат природните убавини и локалните настани од овие локации поблиску до домашните и интернационалните публики. За потребите на проектот, ги фотографиравме сите локации за да можеме да ги доловиме во нивниот најубав природен сјај и […]
Веб-страница за Loges.mk

За потребите на УНДП Северна Македонија, создадовме нова веб-страница која ги промовира општините во Македонија кои се дигитализирани преку ЛОГЕС – платформата за е-услуги на локално ниво на УНДП.
Веб-страница за ДИЖС

За потребите на Државниот инспекторат за животна средина на Северна Македонија изработивме целосно нова веб-страница, заедно со трансфер на сите податоци од застарената претходна страница. Со ова, ја доближивме институцијата до граѓаните, бидејќи сега сите најнови податоци и инспекциски акти се веднаш достапни за сите. Клучен дел од новата веб-страница е брзото и лесно додавање […]
Веб-страница за Лајонс Клубови Македонија

Нова WordPress веб-страница за најголемата сервисна организација – Лајонс Клубови Македонија – Дистрикт 132. За потребите на организацијата, направивме целосно мигрирање на податоците од старата веб-страница и целосно го модернизиравме дизајнот. Сега, сите сегашни и идни членови ќе можат лесно да ги најдат сите Лајонс клубови во државата, како и да дознаат повеќе за историјатот […]
Веб-платформа за Општина Арачиново

За потребите на Општина Арачиново, финансирано преку програмата за развој на општини на УНДП, изработивме целосно нова веб-страницата, со повеќе функционалности за зголемената транспарентност на општината. Со новата веб-страницата на општината и се олеснува процесот на објавување на документи од јавен карактер, но уште поважно се олеснува процесот на директна комуникација на граѓаните со градоначалникот […]
Најдоброто.мк

Во екстремно кус рок од 7 дена ја подигнавме веб-страницата „Најдоброто.мк“, која се користеше како кампањска Интернет локација за Локалните избори 2021 година. Клучниот предизвик беше да се внесат над 70 уникатни страни со сите кандидати и советнички листи, како и клучни програмски приоритети и целосните програми.
СДСМ.орг.мк

Проект за модернизирање на веб-страницата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, пред парламентарните избори 2020 година.
Коронавирус.гов.мк

Мотивирани од почетокот на глобалната пандемија со Коронавирус и со желба да помогнеме не само на здравствените власти, туку и на сами граѓаните, ја изработивме оваа веб-страница, која е една точка за сите информации поврзани со Коронавирус во Северна Македонија.