fbpx

Македонски.гов.мк

Македонски.гов.мк е еден од најтешките, но воедно најинспиративен и можеби најважен проект што сме го преземале до сега.

Македонски.гов.мк е еден од најтешките, но воедно најинспиративен и можеби најважен проект што сме го преземале до сега. Целосниот проект заврши како донација од страна на Блинк Маркетинг и Медија ДОО Скопје до Владата на Република Северна Македонија и сите граѓани на државата.

Проектот содржи повеќе фази на имплементација, а нашата задача беше да дизјанираме, оспособиме, искодираме и пуштиме во употреба повеќе слоен комплициран систем, со рок на првична испорака од 10 дена.

Целиот проширен тим на Блинк работеше деноноќно за време на продолжениот викенд за 1 мај, за да успееме да го лансираме на 5 мај – Денот на македонскиот јазик.

Цел на проектот

Да се дигитализира целосниот Толковен речник на македонскиот јазик и да се креира веб-платформа преку која било кој граѓанин ќе може да ја пребарува целосната база на податоци.

Завршена работа

На 26 април од страна на Институтот за македонски јазик ги добивме сите материјали во Ворд документи, кои содржеа нешто повеќе од 50.000 толкувања на македонски зборови. Во текот на следните 7 дена, преку процес од 25 чекори, успеавме за секој збор да ја реконструираме неговата зборовна карта, во која се содржани информациите за истиот. За овие потреби, го користевме нашиот уникатен НЛП модел од македонскиот јазик. Тоа се 24 различни својства што секој збор ги има, преточени од обичен параграф во полиња во датабаза.

Паралелно со овие чекори, течеше дизајнерскиот процес на платформата заедно со Секторот за односи со јавноста на Владата, во кој ги дефиниравме дизајнерските приоритети и начинот на кој корисниците ќе го користат системот.

Меѓувремено, нашите технички ИТ лица ја поставија целосната серверска инфраструктура, за која не можеме да влегуваме во подлабоко објаснување од безбедносни причини, меѓутоа се содржи од мултисерверско поставување, со тројна редундантност на податоци од датабазата и можност за опслужување на повеќе од половина милион корисници во секунда.

Во преостанатите 3 ипол дена, креиравме веб-апликација, го преточивме предлог-дизајнот во HTML и CSS и ги прикачивме сите податоци на системот.

Следни чекори

Во следните фази на имплементација на проектот, заедно со Владата и Институтот за македонски јазик, работиме на креирање на целосна платформа, која ќе ја користат македонистите и професорите од Институтот за да внесуваат нови зборови, да менуваат толкувања и да градат целосен корпус на македонскиот јазик.

Ви се допаѓа што читате?
Имате потреба од слични услуги?

Слободно закажете бесплатна консултација преку нашите социјални мрежи или на clients@blink.mk.

Останати проекти:

Хибридни настани зима / пролет 2022

Без разлика на фактот што глобалната пандемија почна да попушта, организацијата на настани остана да биде проблематична и комплексна оркестрација на многу подвижни елементи. Во сезоната зима / пролет 2022, голем дел од настаните останаа да бидат хибридни или целосно дигитални. Во оваа сезона имавме повеќе компании и организации со

Повеќе >>

WEgate – дигитален настан

Во екот на светската коронавирус пандемија, алатките како Zoom не’ донесоа поблиску од кога било, од сите делови од светот. Во октомври 2021 година, на WEgate (организација за жени претприемачи на ниво на Европа) им помогнавме во реализација на целосно дигитален настан WEgate Summit 2021. Настанот вклучуваше видео реализација во

Повеќе >>

Видео продукција за Преспа институт

Видео серијал од шест видеа за социјалните мрежи, изработени за Преспа институтот, каде што се објаснува нивниот најнов проект, Опсерваторијата на влијанието и имиџот на државите. Во прилог е видео серијалот.

Повеќе >>
This site is registered on wpml.org as a development site.